Само еден внимателно одбран модел на чанта може да биде доволен за комплетирање на безброј комбинации на облека. Бидејќи есента е во полн ек, а зимата се приближува, ние сè посериозно почнуваме да ја сфаќаме модната подготовка за студените денови кои ни претстојат.

Фокусот дефинитивно е на добрите обувки и квалитетен капут, но не треба да се заборави дека само еден модел на клучна чанта може да биде доволен за комплетирање на безброј комбинации на облека.

Ако барате нова чанта, нашиот водич заснован на трендовите што владееја на модните писти на Модните недели за есен/зима 2021 година може да ги ублажи сите сомнежи.

Од реинтерпретирани класици во форма на цврсти деловни чанти, преку лежерни меки модели кои се носат преку рамо, до мини големини кои ќе ги изберат оние кои сакаат да бидат дел од водечките трендови во модата, изборот на чанти за оваа сезона е прилично разновиден.

Затоа ви предлагаме во галеријата да ги погледнете петте најважни трендови на чанти кои ќе доминираат во наредните месеци.

ЦВРСТА ПРАВОАГОЛНА ТОРБА

МИНИ / МИКРО ЧАНТА

ТОРБА ОД ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ

МЕКА ЧАНТА НА РАМЕ

КРЗНЕНА ЧАНТА

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПлетени фустани за најудобен зимски изглед
Следна објаваАбу Даби наскоро ќе го отвори наголемиот аквариум на светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ