Гага на свој карактеристичен начин ги привлече апсолутното внимание на синоќешниот настан.

Официјално започна промотивната турнеја на филмот “House of Gucci”, а кога е во прашање црвениот тепих на оваа манифестација, воопшто не е чудно што очекуваме многу, а ѕвездите се потрудија да не не разочараат. На британската премиера на плоштадот „Одеон Лукс Лестер“ во Лондон, Лејди Гага, Адам Драјвер, Селма Хаек, Џаред Лето зачекорија во стајлинзите достојни за дебито на овој моден филм, во режија на Ридли Скот.

“House of Gucci” “ ги прикажува настаните кои доведоа до и оние по убиството на Маурицио Гучи, кое го организираше неговата поранешна сопруга Патриша Реџани, во 1995 година. Во тоа време Маурицио беше шеф на култната италијанска модна куќа, која ја основаше неговиот дедо Гучио Гучи.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот стан на Зендеја има најубав поглед на Њујорк
Следна објаваКолекцијата на Шанел претставена пред елитна публика во Дубаи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ