Зендеја ги спакува куферите и замина за Њујорк.
По се изгледа ја менува адресата.
Ѕвездата на Euphoria и Spider-Man е една од новите среќни станари на Quay Tower, нова зграда лоцирана во Бруклин, Њујорк.
24-годишната актерка го купила својот нов стан од 190 квадратни метри за 4,9 милиони долари. Просторот вклучува три спални соби и три бањи. Покрај тоа, новата адреса нуди неверојатни поглед на Менхетен и пристаништето од секоја соба.
Во моментов Зендеја го дели времето помеѓу Њујорк и Лос Анџелес, каде што изнајмува стан за 16.000 долари месечно. Новиот дом на Зендеја има сопствен приватен лифт и е одличен за познати личности кои бараат поинтимно засолниште во Њујорк.
Архитектот задолжен за проектот Роберт Левин изјави дека имал идеја да направи приватни лифтови откако дознал дека пејачката Мараја Кери, која има стан во оваа зграда, морала да користи лифтови наменети за товар за да ги избегне папараците и вниманието на јавноста.
Станот на Зендеа изгледа прекрасно, зарем не? 

НЕМА КОМЕНТАРИ