Инспирирани од стилот на 1980-тите, одредени дизајнери на чевли создадоа колекции кои прикажуваат женственост, софистицираност и разигран дух. Не станува збор за парчиња за долги прошетки низ градот, туку за шик штикли за кои е потребен превоз со автомобил од станот до саканата дестинација.

Салонките со ниски потпетици и зашилен врв, кој ги краси детал во форма на голема машна – стилски печат на овој модел, се враќаат на модната сцена со лежерен гламур. Новиот дизајн доаѓа во различни текстури и бои – од златна, црвена, зелена, (зошто да не) и шарени, до парчиња покриени со светки и безвременски дезени: карирани и на точки.

Сепак, неизбежната класика и овојпат доаѓа до израз, со парчиња во црна боја и беж, неутрална боја. На вас е да изберете пар кој ќе предизвика соодветен емотивен одговор и ќе ве потсети на убавото чувство од минатото во сегашниот стилски момент. Ви ги пренесуваме најактуелните модели во галеријата за слатка инспирација …

НЕМА КОМЕНТАРИ