Облакодерите кои ја опкружуваа пистата со сребрени палми придонесоа облеката на италијанскиот моден дизајнер да остави посебен впечаток кај елитната публика. Во подножјето на облакодерот Бурџ Калифа, синоjќа се одржа спектакуларната модна ревија на Џорџo Армани наречена „Една ноќ во Дубаи“, на која настапи пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин.

40-те долни ката од оваа капитална зграда се всушност посветени на хотелот Армани, чиј десетгодишен јубилеј беше прославен со оваа модна ревија. Моделите кои продефилираа на пистата со сребрени палми носеа гардероба која припаѓа на колекциите за пролет 2022 година претставени во Милано, како и Armani Privé couture од претходната сезона.

Во изменет контекст и со позадина која вклучува безброј облакодери со различен дизајн, оваа гардероба доби поинаков изглед и остави впечаток на внимателно креирана облека со цел.

Како и секогаш со ревиите на Џорџо Армани, први излегоа моделите кои ја претставија машката колекција: сините јакни во комбинација со бели панталони беа подготвени да прошетаат по ривиерата за еден миг. Нив ги придружуваа плишани ансамбли во црно, инспирирани од облека за работа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави модели со пепито дезен – оваа сезона исклучително популарен дезен
Следна објаваПрекрасните чевли од 80-тите кои сите ги обожувавме се вратија во мода
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ