Ново место во Милано кое треба да го посетите!

Со фасада обележана со монументални јонски столбови, раскошни скали кои го осветлуваат влезот и провокативната енергија на Версаче која веднаш се појавува да ги поздрави своите гости, ги има сите типични елементи на овој бренд во новодизајнираниот бутик Versace Home во Милано, дизајниран од архитектонското студио Vudafieri-Severino Partners.

Просторот, создаден да биде домаќин на мебел колекциите на брендот, потсетува на големите резиденции на Версаче со својата комбинација на луксуз и раскош, каде класичната архитектура комуницира со модерноста. Навистина, еклектицизмот е клучниот збор што отсекогаш го водел овој бренд. И овој прв Home бутик, со над 500 квадратни метри во срцето на дизајнерската улица via Durini, е одличен пример.

Низ просторот може да се видат елементи во дисконтинуитет и симболика типична за Версаче: гипсени рамки на ѕидот кои се речиси лежерно украсени со обрасци од златни листови, подови од ходникот каде полиран и мат мермер наизменично се менуваат за впечатлив контраст и завеси направени од панели од жичана мрежа кои потсетуваат на индустриски стил, на уникатен начин.

Конечно, златни допири, препознатливата боја на Версаче, која се истакнува на таваните со позадинско осветлување и проширени метални врати, кои не можете да ги пропуштите.

Тоа е игра на иконски референци и проекција на иднината, интензивна мешавина на влијанија и стилски речник што го зборува јазикот на луксузот: израз на заводливата модерност со допир на антиката.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасните чевли од 80-тите кои сите ги обожувавме се вратија во мода
Следна објаваОва се четирите најважни модели на есенски фустани
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ