После Њујорк, Лондон и Милано, последната модна недела се одржува во Париз и традиционално ќе биде затворена со ревијата на Шанел.

Повеќе од сто брендови ги претставија своите колекции за пролет / лето 2022 година, кои беа пратени во живо од љубителите на модата и sвездите на блогинг сцената.

Модните недели, во последниве години, станаа подеднакво важни поради колекциите претставени на модните ревии но и поради уличната мода. Додатоците – чанти и чевли, иако имаат свој момент на модните писти, се чини дека привлекуваат многу повеќе внимание кај познатите трендсетерки и на тој начин тие диктираат нов тренд.

Минималистичките чанти го зазедоа првото место на листата на најпосакувани за пролетната сезона 2022 година.

Но, ако сте љубители на големи чанти, не грижете се, тие исто така се на оваа листа во големи шопинг варијанти.

Никогаш нема да згрешите со класичната црна, но следната година бара од вас одважност и ќе ви предложи живописни нијанси на зелена, жолта и виолетова. Модните дами одат чекор подалеку, рушејќи ги митовите за задолжително вклопување чевли и чанти во иста боја, па демонстрираа мешавина на бои и стилови, комбинирајќи елегантни чанти со спортски чевли, како и сина со кафена, зелена со црна или жолта со бела боја.

Кои се трендовите на уличниот стил што ни се претставија по улиците на француската (и модна) престолнина, погледнете во нашата галерија.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава25 дизајнерски обетки од Модните недели за сезоната пролет / лето ’22
Следна објаваКој модел на фармерки се во тренд?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ