Веруваме дека ништо не може да го крене модниот изглед како одличен пар обетки. Совршено пропорционална структура или разигран дизајн можат да ја покријата секоја несредена фризура, ненашминкано лице и повторен стајлинг од вчера.

Но, токму кога мислевме дека минималистичкиот накит владее меѓу стилските додатоци, модните писти на модните недели, од Њујорк до Милано, го вратија трендот на масивни обетки на големата врата. Ги видовме во многу колекции за сезоната пролет / лето 2022 година од реномираните дизајнерски куќи, од Армани, до Версаче, Џил Сандер, Сен Лоран и многу други.

Златната боја се уште е лидер во светот на модните додатоци, но на неа и се придружуваат необични форми, должина до рамената и живописен колорит во форма на мали детали на обетките.

Без разлика, дали ве прави среќни или не враќањето на трендот на долги обетки – едно е сигурно: не можете да останете незабележани со вакво парче накит.


НЕМА КОМЕНТАРИ