Кога размислуваме за наметки, првото нешто што може да ни падне на памет се фенси костими за маскенбали. Сепак, тие долго време се сметаа за гламурозна надградба на аристократски облеки, а војвотката од Кембриџ докажа дека се погодни не само за кралскиот, туку и за црвениот тепих.

Последната изведба на еден таков стајлинг ја видовме пред неколку дена на Војводката од Кент, Кејт Мидлтон, кога се појави на светската премиера на филмот за Џејмс Бонд во блескав златен фустан со наметка.

Но, не е само војвотката од Кембриџ обожавател на таква кралска тоалета. Во последните неколку години, модните дизајнери редовно вклучуваат наметки во нивните најформални фустани кои го ставаат целиот фокус на себе – како составен дел или како моден додаток на облеката.

Наметката, без сомнение, дава интригантен и драматичен момент на секоја облека, а исто така создава извонредно елегантна (и кралска) силуета. Некои од нашите омилени кралски дами со задоволство го избираат овој стил – без разлика дали станува збор за венчавки, државни вечери или други прослави.

Во галеријата погледнете ги најдобрите фустани со наметка на сите времиња.

КРАЛИЦА ЛЕТИЦИЈА 2017 година

ШАРЛОТ КАЗИРАГИ 2011 година

ПРИНЦЕЗА ШАРЛИН 2019
 МЕГАН МАРКЛ 2019.

КЕЈТ МИДЛТОН 2018 година

ПРИНЦЕЗА КАРОЛИНА 2018 година

МЕГАН МАРКЛ 2018

КРАЛИЦА МАКСИМА 2018 година
ПРИНЦЕЗА МЕРИ 2019

КРАЛИЦА МАТИЛДА 2019 година

ПРИНЦЕЗА МЕРИ 2019 година

КРАЛИЦА МАКСИМА 2017 година

МЕГАН МАРКЛ 2020 година

ПРИНЦЕЗА МАРГАРЕТ 1974 година

НЕМА КОМЕНТАРИ