Плетените торби се достапни во различни верзии и се дел од асортиманот на најлуксузните брендови. Можете да изберете чанта во форма на корпа, модели со кожни детали, микро или макси верзии, ранци …
Торбата од слама совршено се вклопува со долги летни фустани со дезени, со мини комбинезони, фармерки, панталони и кафтани, како и со поформални парчиња облека. Сестрана, мириса на лето и автоматски дава летна атмосфера и на секоја комбинација на облека.
Избравме за вас неколку плетени чанти кои ги освоија срцата на инфлуенсерките оваа година. Откријте ги во галеријата.






















