Инспирација за секојдневни комбинации на облека наоѓаме по улиците на светските метрополи …Хартија во рака и фатете белешки, следниве модни лекции ќе ви помогнат да бидете заводлива дама која го одзема здивот!

ИГРАЈТЕ СО ДОЛЖИНИ
Шорцевите се незаменливо летно парче, но како да ги носите? Со преголема форма на блејзер нема да погрешите! Играта со различни должини е секогаш точна комбинација, од мини до макси форми и нема да остане незабележана.

ВНЕСЕТЕ ДИНАМИКА СО БЕЛА КОШУЛА ВО НЕОБИЧНА ФОРМА

Белата кошула секогаш ќе биде база во облеката. Во морето од „обични“ кроеви и униформен стил, одберете модел кој остава без здив! Значи, асиметријата, деталите и невообичаеното се најважните карики во динамичната облека.

СО ДЕЗЕНОТ НОСЕТЕ И ЕДНО ФЛУОРЕСЦЕНТНО ПАРЧЕ

Оваа сезона е преполна со разновидни дезени кои, верувале или не, ќе остават најдобар ефект во комбинација со еден акцент во флуоресцентен тон. Досадните модни изгледи  жсе целосно аут, затоа само напред со експлозивни бои и впечатливи летни дезени!

БИДЕТЕ СПРЕМЕНИ ЗА НЕОЧЕКУВАНИ ВРЕМЕНСКИ ПРОМЕНИ

Иако најчесто го врзуваме со есенската сезона, мантилот е парче кое секогаш ни е потребно! Црн лакиран мантил е како стилски класик, секогаш служи за целта. Подгответе се за неочекуван дождлив ден.

ДВЕ ЧАНТИ, ВЕ МОЛАМ!

Колку пати не сте успеале да се одлучите за вистинската чанта која ќе ја истакне вашата комбинација на облека на вистински начин? Најдовме решение, без многу размислување, понесете две торби, едната мини, а другата микро!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKорисни трикови за шминкање!
Следна објаваМинијатурни чанти: мини големина за макси изглед!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ