Тексасот е универзален материјал кој може да се носи во текот на целата година. Припаѓа како основа во гардеробата, кој е идеален за дневни комбинации и се вклопува во скоро сите стилски правци. Со текот на годините, станува уште поблагороден и секогаш е паметна инвестиција.
Заборавете на (“skinny”), тесните фармерки ова лето, бидејќи ова се моделите кои се тренд на сезоната!

Широки ногавици

“When in doubt, go with navy blue!” 

Кога се двоумите, одете со темносина боја! Потемниот тон на тексас со висок струк, со широки ногавици носталгично нè враќа во седумдесеттите години. Омиленит тотален изглед во тексас, ќе биде позабавен ако играте со подолги и пократки парчиња облека. Со ова се постигнува динамика во облеката. Од светло до најтемно, стајлингот нека биде во валер. Фармерките се забавни затоа што нудат безбројни опции и ви предлагаме да ја следите винтиџ атмосферата ова лето!

 Доминира искинатиот тексас

Нивното потекло е поврзано со британската рок и панк музика, кога искинатите фармерки претставуваа бунт против системот. Денес, овој култен модел не престанува да се симнува од модните писти и полиците на инфлуенсерките ширум светот. Зошто не и додадете на вашата дневна облека од таа носталгична нота?

Фармерки од  80 -тите 

Силуетите од осумдесеттите го доживуваат своето големо враќање!

Еден од најудобните модели на фармерки кој дава безброј можности за комбинирање. Со патики и високи потпетици, овој модел никого не остава рамнодушен. Црната нијанса на тексас со подвиткани ногавици ќе го остави оној ноншалантен момент на совршен шик.

Вечен дуализам

Темно наспроти светло, зошто да не?

Играта на валери ќе и даде моден пресврт на вашата колекција на класични фармерки. Со бела голема кошула и сандали со високи потпетици, ќе оставите впечаток на девојка која знае! Можете да го стегнете ременот од овие фармерки и со тоа дополнително да го потенцирате струкот.

Задолжително – бермуди 

Се надеваме дека сега разбравте колку широките ногавици се задолжителни кога станува збор за трендовски фармерки! Модата е во ретро фаза подолго време, а бермудите со право ја доживеаја своето експанзија! Избираме посветли нијанси кои најдобро се комбинираат со пастелни принтови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваWild at Heart: нова колекција на Mango!
Следна објаваПсиходеличен принт за кој зборуваат сите љубители на модата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ