Од Saint Lauren и Gucci до Burberry и Dior, ова се дизајни кои никогаш нема да излезат од мода.Со укинување на строгите ограничувања поради пандемијата, многумина од нас ја користат можноста да ги средат своите гаредробери кои ги рефлектираат нашите нови рутини.Без разлика дали се враќате во канцеларија за прв пат по некое време или конечно имате можност да планирате свадби, настани и забави, можеби ќе сакате да додадете нови модни додатоци во вашата гардероба.
И, ако размислувате да инвестирате во нова дизајнерска торба, тогаш вреди да се размислува за стил кој ќе му одолее на времето, а не само за едносезонски модел кој на крајот ќе собере прашина на полиците на вашиот плакар. Избравме 15 најдобри дизајнерски чанти во кои вреди да се инвестира и кои никогаш нема да излезат од мода – откријте ги имињата на дизајнерите на кои можете да им верувате во нашата галерија.Не е тешко да се разбере зошто Dior Book Tote станува популарна со години – стил кој брзо стана основен елемент на модната куќа – совршен начин за стилизирање на било кој дневен изглед.

 

VERSACE – Секогаш можете да се потпрете на VERSACE за да внесете малку забава во вашиот плакар, а оваа светло сина чанта Le Medusa ќе го направи токму тоа.

Торбата Cleo е инспирирана од архивата на Pradа. Со нејзиниот елегантен и едноставен изглед, не е тешко да се разбере зошто беше толку голем хит кај модните уредници и инфлуенсерки ширум светот.

 

Додадете малку гламур буквално на секој изглед со прекрасната торба Dauphine на Louis Vuitton, која беше претставена за прв пат во колекцијата Cruise 2019.

Еве торба што не треба да биде специфично презентирана, Hermes Birkin, една од најпознатите чанти на сите времиња и која обично се наоѓа многу тешко. Класик за сите времиња.

Чантата Dolce & Gabana Sicily е достапна во различни пастелни нијанси и е совршен избор за секое време од годината. Женствени силуети, ќе одговараат на сите ваши комбинации на облека, но исто така е и совршена големина за носење, секој ден.

Ние ја сакаме скулпторската форма на чантата Chloe’s Kiss која е изработена од супер мека кожа со златни детали.

Olivier Rousteing е инспириран од најсилниот дизајн на основачот Pierre Balmain, со неговата најнова колекција која содржи чанти од 1945 година, а сето тоа ќе внесе малку old school гламур во вашиот живот.

 

STELLA MCCARTNEY е позната по употребата на вегетаријанска кожа, што куќата ја користи за сите нејзини чанти, вклучувајќи го и овој елегантен модел.

Ако сакате да купите секојдневна торба, побарајте Off-White’s Twist Jitney, која има сјаен финиш и заштитен знак од предната страна.

 

Ние ја сакаме опуштената лежерност на торбата Hobo JW Anderson, која има масивен златен ланец.

 GIVENCHY

Оваа класична Chanel чанта никогаш нема да излезе од мода – и е доволно сестрана што можете да ја носите преку ден и навечер.

 Balenciaga Hourglass

 

 COACH – исклучително пожелна заради нејзината мека кожа, како и со повеќе неутрални бои.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБела боја за екстремно високи температури!
Следна објаваБидете кралица на вечерта во заводливата облека на Patrizia Pepe!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ