Гледајќи во иднината во потрага по подобри денови, Saint Lauren ја претставува својата колекција пролет / лето 2022 година во Венеција …

Како и некои други брендови, Saint Laurent го следи своето темпо: надвор од вообичаениот моден календар.

Со новата колекција за мажи пролет / лето 2022 година, францускиот бренд се фокусираше на постојаните урбани промени. Избрана локација? Ништо помалку од Венеција во Италија.

Во соработка со американскиот уметник Doug Aitken, креативниот директор Anthony Vaccarello „зборува“ за идниот свет.

Презентирана во друштво на инсталација од огледала на компанијата Green Lens – што ќе биде достапна за јавноста до 30 јули 2021 година – колекцијата пропорционално се стопува со архитектурата, носејќи визија за град кој постојано се менува. 

Сместена на островот Isola Della Certosa, уметничката инсталација во живо се усогласува со културната сцена, каде градскиот пејзаж создава силен еколошки наратив во рамките на уметничко дело што зборува за идејата за идниот свет – додека огледалата откриваат калеидоскопски поглед на густата ботаничка средина.

Друг неверојатен детаљ е што во текот на месецот во инсталацијата ќе се одржуваат низ на перформанси и разговори што поттикнуваат размислување и инспирираат, со фокус на иднината толкувана од музичари, говорници и танчери. „Каква е иднината? – тоа е наратив извлечен преку проектот. Активностите ќе бидат евидентирани и споделени од сите канали на брендот Saint Laurent.

Ревијата ја отвори модел кој шеташе по вода, додека небото постепено ја менуваше бојата: калеидоскопска структура од огледалата опкружена и исполнета со зелени растенија, сето тоа со епски звучен запис, инспириран од осумдесеттите години.

Колекцијата се одликува со елеганција, со блузи од тантела со долги ракави со високи крагни со карнери, избалансирани смели детали, како чизми на екстремно висока платформа или тешки чевли со копчиња.

Силуетите се флуидни и треперат, засилени со ефектите на ветерот како наметката претставена во црна и жолта боја. Претставени се црвени кадифени блузи и цветни кошули, а елеците се украсени со цветни, црно-бели и тексас дезени, додека јакните се украсени со вкрстени сребрени брошеви. Друг белег е виолетовиот фустан со метален ефект во комплет со елек.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBershka нуди генијална опција за персонализирање на парчиња од тексас!
Следна објаваБела боја за екстремно високи температури!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ