Не сакате да носите парчиња облека што ги имаат сите други?

Колку пати ви се случило да видите личност во градот со истите парчиња што ги носите?

Bershka

Дали сте креативни и сакате модно да се изразите? Тогаш, Bershka ја има најгенијалната опција за вас.

Од неодамна, Bershka нуди ексклузивна опција преку Интернет во која можете сами да ги дизајнирате своите парчиња.

Станува збор за примена на различни дезени на парчиња тексас. Можете да дизајнирате фармерки, тексас бермуди и тексас јакна. Вие навистина може да си играте со дизајнот на различни начини. Покрај примената на различни модели на тексас, можете да печатите и различни натписи.

Bershka

Ако сакате да бидете оригинални и свои, тогаш дефинитивно е време да ја посетите онлајн продавницата на Бершка и да дизајнирате фармерки што никој друг освен вас нема да ги има во градот. 

Bershka

НЕМА КОМЕНТАРИ