Бидејќи летните денови полека се приближуваат и ни го откриваат нивното вистинско лице со високите температури, имаме поголема желба за оскудна облека и трендовски летни додатоци …

Како што знаете, секоја сезона со себе носи нови трендови кои вреди да се испробаат, но има и такви модни хитови кои изгледаат вечни. Една од нив е сламената шапка – секогаш кога првите зраци на сонцето ќе не загреат, сонуваме да се скриеме под сламената шапка со нашиот омилен освежителен коктел во рака, на некоја егзотична дестинација.

Ова лето, можноста да ги носиме омилените шапки на најдобар можен начин ни ја дава украинскиот бренд Руслан Багинскиј, кого го обожаваат познатите личности како Бела Хадид. Познатиот бренд штотуку претстави нова серија креации за оваа сезона, кои вклучуваат практично сè – од големи димензии на силуети до шик стилови, а колекцијата ја фотографираше славниот фотограф Хенрик Пуријен.

 

Именувана како Летно бегство, новата колекција го истражува вистинското значење на летото. Канализирајќи го сопственото толкување на зборот, Пуриен ги фотографираше новите шапки на плажи, базени и други места.

Кога станува збор за стиловите, најмногу се истакнува големиот модел, како и оној креиран во форма на качкет.

Седнете, прегледајте ги сликите од кампањата, инспирирајте се  и оставете го летото да ве освои …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтолица на расклопување продадена за 8.5 милиони долари!
Следна објаваОваа година, венчаници од соништата се мини и супер женствени!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ