Кога станува збор за антиквитети, парчиња кои припаѓале на династијата Минг и оние што чинат неколку милиони, купувачите од Хонг Конг им посветуваат големо внимание … 

Веќе сме запознаети со нивната неисцрпна љубов кон ретки работи од империјалната ера, а ако едно парче може да се поврзе со династијата Минг на кој било начин, неговата популарност ги крши сите граници.

Секој ужива да поседува парче историја, и веројатно од таа причина, уникатниот стол од XVII век бил главниот акцент на аукцијата – Christie’s – Classical Chinese Furniture from Heveningham Hal.

Минатата недела во Хонг Конг се одржа аукција каде „прекрасната и неверојатно ретка столица Hunghuali Folding Horseshoe-Back, датирана од XVII век, од крајот на Минг и почетокот на династијата Кинг“ беше продадена за пет и пол пати повеќе од проценетата цена, пред аукцијата.

Столиците Jiaoyi се од големо значење бидејќи ги користеле царското семејство и богатите луѓе од повисоката класа. Столиците секогаш биле резервирани за најважните луѓе во една просторија, за да го симболизираат нивниот статус и ранг.

По продажбата, по цена од 8,5 милиони долари, слободно можеме да кажеме дека овој стол веднаш ќе стане најважното парче мебел во просторијата на купувачот од Хонг Конг.

Како што дознаваме, конкуренцијата за столчето била интензивна и траела цели десет минути, а на крајот, столот му припаднал на клиентот Tsang, кој платил скоро седум пати повеќе од очекуваната сума.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКаков тип на тело имате и што да носите со оглед на формата на вашето тело!
Следна објаваИнспирација: Дозволете си совршено летно искуство!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ