Најважно е да се чувствувате добро и самоуверено во сопствената кожа.

Со облека можеме да ги истакнеме нашите атрибути и да ги скриеме своите недостатоци за да изгледаме максимално убаво и да се чувствуваме одлично.

Дознајте подолу како да откриете каков тип на тело сте и како да се облечете за да ги истакнете своите доблести.

Која форма тело сте вие?

За да откриете каков тип на тело имате, сè што ви треба е метар за мерење на обемот на градите, половината и колковите. Запишете ги вашите мерења и врз основа на тие мерења откријте каков тип на тело сте.

1. Јаболкото е форма во која градите и половината се поголеми од колковите

2. Крушата е форма на тело во кое градите се многу мали, а колковите многу широки.

3. Песочен часовник е вид на тело во кое градите и колковите се со иста големина додека половината е многу тесна.

4. Превртениот триаголник е тип на тело во кој димензиите на градите се поголеми, а половината и колковите мали.

5. Додека правоаголникот е форма на тело кога сите три мерки се слични, тоест еднакви.

Што да носите со својот тип на тело?

Правоаголна форма на тело, треба да го истакне струкот со ремен или со топ, за да создаде илузија на тесен струк. Исто така, за овој тип на тело одлично одговараат  волани на половината или длабоки деколтеа со V израз.

Жените чие тело изгледа како песочен часовник се навистина среќни затоа што ним им стои апсолутно сè.

Тело во форма на превртен триаголник, важно е да се нагласи половината, но и да се додаде волумен на долниот дел од телото. На оваа градба на тело одлично одговараа модели со голи рамена бидејќи нема потреба да се додава волумен на веќе широките рамена, но во долниот дел од телото е потребен волумен, што може да го постигнете со развеани здолништа или панталони. Фустани што се тесни во горниот дел од телото и се шират надолу се одлични за обликот на превртен триаголник.

Крушата е форма на тело на која треба да се додаде волумен во горниот дел од телото, што лесно може да се постигне со преголеми ракави или нагласени рамена.

Кога зборуваме за облик на тело како јаболко, тогаш е потребно да се знае дека на овој облик на тело не е пожелно да се потенцира струкот, туку да се покрие. Ова најдобро ќе го постигнете со фустани во А крој. Исто така, она што му треба на овој облик на тело е да се додаде волумен на долниот дел од телото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: 6 најелегантни нијанси за летен маникир!
Следна објаваСтолица на расклопување продадена за 8.5 милиони долари!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ