Елегантниот стил се проценува врз основа на деталите, дури и според бојата на лакот кој го избираме, што е последниот допир на нашиот изглед.

Ноктите во боја на виножито, францускиот маникир со обоени врвови, уметноста на ноктите со цветни мотиви, се едни од главните трендови на маникир за летото 2021.

Но, тука се и безвременските опции, елегантните бои кои им ласкаат на рацете и го прават маникирот неодолив.

Кои се најелегантните бои на нокти што ќе ја истакнат исончаната кожа и деловите од нашата гардероба?

Млечен маникир 

Млечниот маникир е тренд секое лето, бидејќи го потенцира само потемнетиот тен. Доколку сте љубители на минималистички стил, изберете ја оваа нијанса на ноктите и преминете на розов или побел тон, во зависност од стилот што го сакате.

Маникир во маслинова боја

Постои причина зошто зелениот маникир е толку голем тренд. Недостатокот на контакт со природата минатата година нè доведе до љубов кон зелената боја, како во нашиот стил, така и во маникирот. Во летните месеци, изберете светло зелена боја во нијанса на маслинка која изгледа навистина елегантно.

Кафен маникир

Земјените тонови се секогаш елегантни и одговараат на повеќето парчиња облека, па можете да ги додадете во вашиот стил.

Маникир во фуксија нијанса

Нијансата на фуксија генерално е најженствената боја што ја видовме на ревиите на Фенди и Том Форд, а ова лето динамично се враќа во нашиот маникир.

Маникир во црвена боја

Црвениот маникир е безвременски избор. Во лето, избегнувајте нијанси на вино и претпочитајте посветла црвена нијанса или во нијанси на цреша.

Nude маникир

Летниот маникир го идентификувавме со светли бои, но оваа нијанса е тренд на кој секогаш се враќаме, бидејќи навистина ги прави нашите раце да изгледаат елегантно и негувано. Само пронајдете совршена нијанса за тонот на вашата кожа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCiao Paco – совршена летна колекција на Paco Rabannе!
Следна објаваКаков тип на тело имате и што да носите со оглед на формата на вашето тело!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ