Gingham е класичен принт кој никогаш не излегува од мода, ниту во зима, ниту во лето. Иако јакните и панталоните во форма на гингам се совршени за есен и зима, фустаните се едноставна и совршена опција кога станува збор за летните изгледи.

 

Од wrap фустани, мини со паф ракави, до макси опции, за сите девојки има совршен модел кој е идеален избор за пикник на сонце, како и за опуштени забави. Лесен за носење, гингам фустанот ја отелотворува леснотијата на летото и е идеален и за работа и за време на викенди.

Може да го комбинирате со тексас јакна, чанта или торба за рамо, балетанки, патики, сандали и еспадрили или чизми за лежерен изглед.

Нека не ве лаже “слаткиот” изглед на овој „кариран“ принт, гингам фустаните можат да бидат шик и секси.

За да ви помогнеме да изгледате одлично во фустан со гингам дезен ова лето, избравме за вас неколку инспиративни фотографии од некои од нашите омилени модни девојки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПарео здолниште – не е само за на плажа !
Следна објаваБермудите се апсолутен хит на сезоната!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ