Здолништето саронг е дел од летната облека за градот, вечерните излегувања и за на плажа, во зависност од комбинациите кои ќе се осмелите да ги носите …

На списокот потребни летни артикли е додадено ново флексибилно парче. Тоа е парео здолниште кое е женствено, бидејќи ја опфаќа силуетата и ја нагласува половината. Парео здолништето има флексибилност да не следи насекаде, поради што постојано го гледаме во летните колекции на дизајнерите.

Здолништето саронг лесно може да се комбинира со бела кошула за пософистициран изглед, идеален за во канцеларија.

Со маица, тој добива повеќе лежерно расположение и, секако, со нашите костими за капење, станува дел од гардеробата на плажа.

За вечерни излегувања, едноставно комбинирајте го со едноделен костим за капење и влечки, создавајќи скромен елегантен изглед.

Што се однесува до тоа кои чевли можат да надополнат здолниште саронг?

Од удобни патики, до рамни сандали или најженствените чевли со ремени, можеме да кажеме дека ни овозможуваат безброј можности за создавање на имагинативни комбинации на облека.

 

Исто така, сакаме летната гардероба да биде „паметна“, што значи дека се состои од практични парчиња кои можат да се носат во многу различни прилики, да не придружуваат од утро до вечер, од плажа до вечера и да го истакнуваат нашето тело.

Избравме за вас неколку прекрасни модели. Откријте ги во галеријата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеобичен дизајн на семејна куќа во Украина!
Следна објаваКако да носите Gingham фустан ова лето!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ