Внатрешноста на овој прекрасен, прозрачен стан е уште еден успешен проект на Моника Гибсон, една од водечките њујоркшки дизајнери на ентериери …

Дуплексот лоциран во Трибека има поглед кон реките Ist и Hadson, а за време на најсветлите денови, панорамата достигнува и северно од Централ Парк. Станот мораше да добие соодветен дизајн на ентериер, кој ќе го комплетираше зачудувачкиот поглед на градот, а дизајнерот дефинитивно одговори на тој предизвик.

На барање на сопственикот, на Моника и беше дадена задача да го трансформира овој, првично традиционален и затворен стан во модерен и поотворен, што одговараше повеќе на духот на семејството кое живее во него.

Почнувајќи од дневната соба, Моника му дозволи на овој дом да „дише“. Sидовите од двете страни на каминот и од спротивната страна на просторијата се заменети со прозори со челични рамки.

Совршено заоблената крем софа ја опкружува модерната маса на средина од собата и е поставена наспроти две столици во форма на полумесечина со сличен крем.

 Овие парчиња мебел се спојуваат со едноставен и неутрален тепих, правејќи совршена дневна соба.

Со високи тавани и површина од 600 квадратни метри, самиот стан има голем потенцијал. Сепак, еден предизвик се наметна – беше потребно максимално да се искористат неговите димензии и истовремено да се исполнат очекувањата на семејството.

И покрај минималистичките тенденции на сопственикот, Моника исто така успеа да го проникне станот со топлина и користејќи пријатни бои, тапацир, килими, па дури и таписерија од 18 век, која убаво ги покри sидовите на главната спална соба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton новитети за разиграно лето 2021!
Следна објава„Flamboyant Blossoms“ – прва модна колекција на новиот македонски бренд Pink Lemonade
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ