Секоја година, едно парче облека е најпотребно во летната гардероба: шорцеви, без разлика дали се направени од тексас, лен или кожа.

Меѓутоа, ако не се чувствувате пријатно да носите шорцеви или ако барате поскромен крој, бермудите се тоа што ви треба.

Бермудите беа главен тренд во 90-тите и едно од омилените летни парчиња на принцезата Дијана. Со враќање на трендовите на деведесеттите, бермудите го привлекоа вниманието на славните и модерни девојки, кои го прифатија овој тренд и нè почестија со модерни и инспиративни стилови за пролет и лето во кои бермудите се во центарот на вниманието.

Ги сакаме бермудите бидејќи се совршена алтернатива на панталоните во текот на летото, а исто така можат да ги заменат мини шорцевите за лежерен-шик изглед. Можете да ги носите насекаде, без разлика, на работа, за време на дневни активности, па дури и на лежерно вечерно излегување.

За денешниот „стил на денот“ – избравме да ви покажеме како бермудските можат да бидат шик и да го кренат вашиот летен изглед, инспирирани од една од музите на скандинавски стил: Pernille Teisbaek. Данската инфлуенсерка ја сака андрогиноста и минимализмот кога станува збор за нејзиниот стил, а со бермудите си поигра на свој начин.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГалеријата Упевче – Оаза на уметноста во срцето на Охрид
Следна објава5 стилски трикови кои ги научивме од модните инфлуенсерки од Данска!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ