Данските девојки сакаат да носат бои и графики, создавајќи минималистички комбинации на облека и никогаш не ја жртвуваат својата удобност. Се обидовме да го декодираме нивниот стил …

Парижанките имаат своја верна публика, но девојките од Данска први ги прифатија сите модни трендови прилагодувајќи ги на нивниот личен стил. Тие уникатно ја комбинираат удобноста со нивната уникатна естетика. Затоа нивниот стил стана инспирација, а модните инфлуенсери од Копенхаген се во центарот на интересот.

Емили Синдлев

Декодирајќи го стилот на данските девојки, ја забележуваме нивната слабост кон светли бои, дури и неонски, монохроматска палета од глава до пети и љубов кон облеката во машки стил.

Еве неколку трикови кои можете да ги примените доколку сакате да изгледате како модерна данска инфлуенсерка.

Монохроматска облека

Монохроматската облека е синоним за девојките од Данска, но не секогаш со иста боја. Секое парче е внимателно избрано за да ги обезбеди потребните cool вибрации. Стилот можете да го прифатите со избирање на целосно црна, целосно бела или неутрална облека. Стајлинг кој може да ве придружува од утро до вечер, со патики или потпетици со ремчиња.

Фустан + папучи

Данкињите обожуваат фустани, особено цветни. Но, тие не ги комбинираат со еспадрили како парижаните, туку со влечки како класичните модели на Birkenstock. Во зима, тие комбинираат фустани со чизми.

Улична пижама

Удобноста ја изедначивме со пижами, како и Данкињите. Нивната гардероба вклучува парчиња како боксерки и преголеми кошули, кои можат да се носат со иста леснотија како домашната облека, но и како дел од нивниот секојдневен стил. Тука важна улога играат и модните додатоци.

Тексас засекогаш

Фармерките не недостасуваат во нивниот плакар. Тие се секогаш широки и претпочитаат да ги комбинираат со тесни маички, бидејќи минималистичкиот стил секогаш им е омилен.

Mix & Match

Емили Синдлев дефинитивно нè научи дека нема ограничувања во боите и отпечатоците кои можат да коегзистираат. Затоа секогаш толку многу се зборува за нејзиниот стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали бермудите се во тренд ова лето?
Следна објаваСовршен моден додаток за жешкото лето!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ