Loewe најде многу необичен партнер за нова соработка која вклучува ткаени кожни чанти, корпи и други додатоци – тоа е Sotheby’s…

Соработката на ова динамично дуо содржи рачно изработени глинени саксии, кои беа именувани Galician Chestnut Roasters.

За понатамошно проширување на занаетчиството, новиот асортиман ја истражува уметноста на ткаење во форма на декоративни и градежни техники. Кога станува збор за додатоците, познатата Balloon чанта, вреќи и мрежести торби се украсени со интересни материјали.

Како прослава на новата колекција, Sotheby’s во својата аукциска куќа во Њујорк претставува седум грнчари од цел свет. Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

84 саксии беа предмет на експериментирање со помош на ткаенина, ленти, канап, кожа, волна, пердуви и слама.

Како што дознаваме, целата колекција ќе биде достапна за купување од 27 мај.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: 4 клучни бои за оваа сезона!
Следна објаваНајмодерни начини како се носи бела кошула оваа сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ