Сонцето ни донесе насмевки, високите температури нè извадија од чизмите и од дебелите јакни, а по излозите на продавниците пристигнаа пролетно-летните нови  колекции.

После долгата зима во која преовладуваше сивилото, сè оживеа, како флората и фауната, така и модните парчиња облека.

Зимата, особено претходната, беше во неутрални бои како што се црно сиви или беж нијанси, но шаренилото сепак е резервирано за потоплите денови на пролетта и летото.

А ние, во продолжение откриваме кои бои ќе владеат оваа пролет, но исто така и ова лето …

1. Зелена

Светло зелената (трева), како и минт нијансата, се хит боите на оваа пролет односно лето.

2. Жолта

Пастелно жолтата боја е можеби најпопуларната боја оваа година. Бидејќи пастелно-жолтата е многу нежна нијанса, таа е создадена за разни прилики и комбинации, односно е позабавна верзија на беж нијансата.

3. Небесно сино

Небесно сината боја, на спектарот, се наоѓа некаде помеѓу модро сината и светлосината. Оваа боја зрачи со свежина на пролетта, така што нема да погрешите со оваа боја.

4. Розова

После долга серија години во кои силно-розовата боја беше во сенка на бебешко- розовата, ситуацијата се смени и токму оваа е една од хит боите на оваа сезона.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодата инвестира многу во партнерства со индустријата за игри!
Следна објаваСовршена комбинација на грнчарство и мода!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ