Бидејќи во тренд се панталони со висок струк и целосна должина кои не откриваат многу, интересно е да ги комбинирате, како контраст со блузи и маици кои покажуваат малку повеќе кожа.

Победничката модна комбинација се долги панталони со висок струк и маица, топ или  кошула со качулка која е со сечена верзија.

Понудата во продавниците е навистина разновидна, а доколку сакате да бидете многу модерни, оставете го вашиот избор да падне на краток топ или кошула која е врзана околу половината.

Краток кардиган е исто така многу популарен.

Во галеријата можете да ги видите најпопуларните топови кои ќе ги обожавате ова лето.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ