Фустаните со паф ракави не излегуваат од мода, а овој тренд, кој започна во 2019 година, сè уште е популарен меѓу најпознатите светски девојки и модни дизајнери.
И ние ги сакаме овие необични ракави! Зошто? Како прво, бидејќи без оглед дали барате лежерен изглед или шик облека, фустанот со паф ракави е она што ви треба во вашата гардероба, особено во текот на пролетта и летото.
Второ, овие фустани навистина одат со било кој избор на чевли: патики, сандали или секси потпетици – сето тоа зависи од вашето расположение или пригода. Доколку се плашите дека во овој фустан ќе изгледате како девојче или премногу женствено, ние целосно ве разбираме, но не грижете се бидејќи имаме решение за вас.
За денешниот изглед, нè инспирираше еден од уличните стилови кој беше забележан на последната модна недела во Копенхаген, а ние ќе ви покажеме како на интересен начин да го стилизирате фустанот со паф ракави.
Одбравме фустан со паф ракави во неутрална нијанса (избегнавме слатки бои како розова или светлосина) и го комбиниравме со патики Шанел во зелена боја, проsирни очила Диор и крем кожна чанта.
Како што можете да видите, со неутрални тонови и спортски додатоци создадовме интересен контраст. Сега имате атрактивен изглед кој можете да го носите насекаде во текот на пролетта и летото.