Очигледно не случајно се смета дека тие носат среќа …

Карантинот нè натера да се грижиме повеќе за својот дом и да ги негуваме растенијата – не само затоа што беше една од ретките активности што можевме да ги направиме, туку и затоа што градинарството е исклучително хоби што го ослободува стресот. Затоа, има смисла што вредно ги негуваме растенијата, горди сме на нив, убави и мирисни, а често и објавуваме фотографии од растенијата на Инстаграм.

Но, кои се растенијата кои најчесто се појавуваат во вашиот feed?

Интересно е, дека најпопуларните растенија на Инстаграм се оние кои се сметаат дека носат среќа, просперитет и позитивна енергија на нивните сопственици.

Кои растенија корисниците на Инстаграм сакаат да ги покажат со гордост и да ги споделат со своите пријатели – откриваме во галеријата со фотографии.

КРАСУЛА или дрво на парите

Красула е позната како растение жад или дрво на парите.

Познато е дека ова растение носи радост во домот. Спаѓа во категоријата сукуленти – што исто така значи дека преживува без многу педантна грижа. Красула е петто најпопуларно растение на социјалните мрежи.

ПАЧИРА – растение кое привлекува пари

Доколку сакате да ја комплетирате внатрешноста на вашата дневна соба со егзотичен мирис и изглед, ви го препорачуваме ова убаво и уникатно растение – пачира. Познато е по извртеното дрво и украсните лисја, а познато е и како растение кое привлекува пари во домот.

Дека тоа е вистина знаат повеќе од 100 илјади корисници на Инстаграм кои го донесоа ова растение на 4-то место на списокот, посветувајќи му 175.698 хаштагови.

СПАТИФИЛУМ

Според фенг шуи, ова растение има можност да го исчисти просторот во кој се наоѓа од негативна енергија и дава мир и спокој. Се верува дека ова домашно растение е одговорно за благосостојбата на жените, па затоа не го нарекуваат залудно – женска среќа. Покрај тоа, експертите потврдуваат дека е идеално за почетници кои немаат многу искуство во грижата за растенијата, бидејќи е исклучително издржливо. Конечно, цвеќињата се исклучително убави и дефинитивно вредат тие 180.029 хаштагови посветени на нив.

САНСЕВИЕРИЈА

Второто место на списокот на растенија му припаѓа на ова скромно растение за кое се верува дека го чисти воздухот, ја отстранува негативната енергија од куќата и создава вистински услови за радост, љубов и светлина да влезат во вашиот дом. Тоа има 408.636 хаштагови на Инстаграм.

ОРХИДEJA

Со 4.493.089 хаштагови, овој прекрасен егзотичен цвет е далеку од конкуренција! Според Фенг Шуи, Орхидејата не само што го разубавува ентериерот и прави да изгледа луксузно, туку носи и среќа, особено на романтичното поле.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Apocalypsing” е нов тренд на забава и е резултат од карантинот!
Следна објаваДрвените кломпи се голем тренд за пролет / лето 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ