Последните неколку денови сме сведоци на навистина чудно и многу променливо време, во 24 часа се менуваат четирите сезони, од зима па сè до повисоки температури.

Сведоци сме и на брзо забрзување на брзо топење на глечерите. Сето ова се последици од глобалното затоплување, а глобалното затоплување е во причинско-последична врска со непочитувањето на човекот кон природата. Новата колекција на H&M е насочена кон зачувување на животната средина..

 

Покрај тоа што е убава, новата колекција на H&M наречена “Јас сум иновација” е и еколошка. Во соработка со научници, истражувачи и мислители, H&M создаде колекција која се стреми кон револуционерни промени и демократизација на одржливата мода.

За да и даде на знаење на модната индустрија колку е голем загадувач на нашата планета, H&M ја дизајнираше колекцијата Јас сум иновација, која покажува колку модната индустрија може да ги промени работите во однос на заштитата на животната средина.

“Зелените сандали од новата колекција се изработени од растителна кожа изработена од кактус. Ова е вид на инвентивен и неконвенционален материјал кој ќе ја обликува иднината на стилот и нашата планета, помагајќи ни да создадеме одржлива модна индустрија”.

Со оваа колекција, H&M испрати силна порака и им одржа лекција на другите брендови кои создаваат брза мода.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако сами да се излечите – ВЕДНАШ!
Следна објава✦ Избор песни од Јулијана Величковска ✦
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ