Никогаш не е прерано да започнете со подготовки за потоплите денови и да си дозволите функционален дизајн полн со земјени и природни тонови …

Данската марка Ferm LIVING лансираше нова колекција на мебел и украсни предмети за пролет / лето 2021 година.

Наречена „Поезија на отворено“, палетата производи е дизајнирана да ја дочека потоплата сезона со своите светли и природни тонови.

Луксузната колекција содржи неколку серии минималистички и самоодржливи парчиња, создадени со употреба на рециклирана пластика. Кантата за наводнување е во прекрасни нијанси на маслинова, кашмир и црна боја, додека моделот Версо Југ е со  нагласени природни обрасци во длабок кафен тон.

Дополнителни предмети кои ја придружуваат целата колекција доаѓаат во форма на балконски саксии, а има и прекрасни керамички корпи кои можат да послужат како централна точка на трпезариските маси.

Серијата удобни столици за екстериери се придружени со компатибилни, удобни перници и столчиња на склопување. Овој дизајн е наменет за балкони или тераси во текот на летото и да уживате во топлите сончеви денови. Колекцијата е комплетирана со парчиња за уживање на отворено, како што е долгата дрвена клупа и удобната лежалка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСинот на Изабела Аџани Габриел-Кејн Деј-Луис стана заштитно лице на брендот Ermenegildo Zegna!
Следна објаваСовршена за пролет – новата колекција на модниот бренд Гучи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ