Брендот за спортска облека „Адидас“ и Бијонсе ја претставија својата трета колекција „ICY PARK“, која содржи урбана облека, обувки и модни додатоци инспирирани од зимските падини и алпските предели.
Новата колекција ја продолжува серијата „Where is My Park“, а рекламната кампања е дизајнирана да ја нагласи желбата за самоизразување и да ја поттикне креативноста.
Во кампањата се вклучени моделот Хејли Бибер, директорот на издавачката куќа и раперот Гучи Мејн, пејачката Кааш Пејџ и моделите Акеша Мураи, Шеј Греј и Кајл Колман, кои повикуваат на слобода на изразување.