Британската модна куќа ја лансираше својата колекција посветена на Лунарната Нова Година
Со новиот почеток на 2021 година, Burberry се подготвува да ја дочека Лунарната Нова Година со својата последна кампања.
Посветена на годината на волот, во новата колекција доминираат и животински мотиви покрај карираниот дезен. Фотографирана од Фенг Ли, колекцијата ни нуди парчиња облека и модни додатоци во акцентирани нијанси на црвена и жолта боја.
Колекцијата почнува со серија капути со освежената верзија на логото на Burberry, со рогови од биволи.