Што ја одредува удобноста на потпетиците/штиклите?

Некои жени се родени со можност да пешачат со часови на високи потпетици.

Сепак, секоја жена може да оди на штикли, само треба да има  предвид неколку информации во три клучни области: конструкција, материјали и брендови.

Подолу се наведени 3 најважни информации што треба да ги земеме предвид при купување чевли, за да можете секогаш да купиме најудобен пар!

ГРАДБА/конструкција/

Нагибот(наклонот) е најважниот аспект што треба да се земе предвид при изборот на чевли. „Наклонот“ ја означува разлика помеѓу висината на петата во однос на ѓонот на чевелот. Најлесен начин да знаете дека чевелот е удобен е да изберете чевли со платформа. Наклонот ќе биде помал, а аголот под кој стапалото се наоѓа во штиклата е помек. Вториот најважен аспект е горниот дел од чевелот – оној кој го покрива или достигнува до врвот на вашето стопало. Колку е повисок горниот дел, толку поголема поддршка ќе има стапалото. Разгледајте ја и структурата на стапалото. Ако имате пошироко стапало, изберете сандали наместо салонки со затворени прсти, а ако имате потесна нога, може да се случи прстите да се лизгаат премногу напред во отворени сандали.

МАТЕРИЈАЛИ

Материјалот кој го бирате ќе има големо влијае на удобноста. Лакираната кожа и пластиката се нови материјали во светот на чевлите, тие се цврсти и крути и многу веројатно ќе имате болка во стапалата. Обидете се да се држите до природните материјали. Брушената кожа, сатен и други природни влакна секогаш ќе бидат најудобни.

БРЕНДОВИ

Изборот на најдобри потпетици улимативно значи да откриете што најмногу вам ви одговара. Нема правило за тоа што е добро и што е лошо кога станува збор за брендовите, така што ќе мора само да експериментирате малку. Пробајте различни модели од различни продавници и откријте во кои чевли можете да издржите најдолго. танцувајќи цела ноќ. :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКултното издание на Bottega Veneta доби нов изглед!
Следна објаваЗошто пријателите од работата се најдобри пријатели?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ