Оваа сезона, стилот на европската аристократија добива нови форми и расположенија: здолништа со набори, блузи со јаки или големи машни, карираните јакни и пелерините престанаа да бидат нешто здодевно и конзервативно…

Буржоаскиот шик од седумдесеттите години, благодарение на новата визија на дизајнерите, доби умерено провокативно толкување: во игра влегоа длабоки деколтеа, транспарентни ткаенини и необичен крој.

Пако Рабан исто така нуди своја интерпретација на овој тренд – брендот сугерира макси здолништето да се комбинира со блуза украсена со расфрлани светликави  камења и хит на сезоната – превезот.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ