Модната куќа Шанел ја претстави својата колекција за пролет / лето 2021 година. Роми Шнајдер, Ана Карина, Жана Моро – три женски легенди на француската кинематографија, три женски фигури кои Шанел ги избра да и дадат стигма на колекцијата пролет/лето 2021, која носи аура на кинематографијата.

„Размислував за актерките на црвениот тепих, во оној момент кога фотографите ги повикуваат да им позираат: изразот на нивните лица е малку апстрактен, ставот е малку несоодветен со облеката која ја носат“, рече Виар.

Парчињата на Шанел дишат со интимност и елеганција која трае со години и додека во секоја колекција се враќаат обновени, надоградени како нов предлог или верзија, се чини дека нема да изгубат ниту еден познат код на Шанел.

За пролет / лето 2021 година, Вирџинија Виар се враќа со помлади и порелаксирани силуети во кои наоѓаме панталони со висок струк, кратки шорцеви, панталони комбинирани со јакни, тесни здолништа со процепи, макси фустани со романтични детали, тексас панталони и розови јакни.

Маици, исто така, во розов потпис на куќата, кратки јакни, елеци и костуми од твид, мини фустани со карнери од органза, фустани со принт и проsирно Шанел лого.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАристократски стил во колекциите зима 2020/2021!
Следна објаваНајубави зимски здолништа од H&M!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ