Париската танчерска група La Marche Bleu стана херој на новата празнична кампања на Ralph Lauren.

Кампањата „Семејството е тоа што го сакате“ е посветена на семејството, заедништвото и кохезијата. Тимот, предводен од кореографот Лео Вок е познат по својата способност да ги замагли линиите помеѓу модерноста и хип-хоп – културна димензија, што потсетува на приказната на Ралф Лорен.

Покрај La Marche Blue во кампањата учествуваа сценаристот, продуцент и режисерот Грег Берланти и неговиот сопруг Роби Роџерс, манекенот Филип Бред и неговото семејство, членови на американската непрофитна програма Work to Ride професионалниот рагбист Маро Итоје и неговото семејство, актерот, продуцент и дизајнер Едисон Чен и кинескиот супермодел Кин Шупеј.

Празничната колекција на Ралф Лорен вклучува некои од најзначајните силуети на брендот – поло маици и џемпери од кашмир. Оваа сезона, брендот нуди и облека изработена од рециклиран најлон и полиестер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКарирани капути кои никогаш не излегуваат од мода!
Следна објаваСреќни празници: Празнични излози на најпознатите модни куќи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ