Инспириран од технологијата на сончевите панели на НАСА и природната убавина на цвеќето, холандскиот дизајнер Џорџ барат-Џоунс создаде единствена ламба наречена Блум. Станува збор за интерактивно sидно светло кое изгледа како уметничко дело, дури и кога не е вклучено, благодарение на дизајнот сличен на цвеќето.

Овој дизајнер сака да му даде можност на секој корисник на ова парче да управува со своето осветлување. Токму поради таа причина, sидната ламба има форма на цвет,  дури има и латици кои можат да се отворат. Исто како лотос, ливчињата се собираат и испуштаат светлина кога цветаат.

Во затворена положба, ламбата нуди затемнето дифузно светло, а кога ќе ја отворите – користејќи го централното тркало – големината и осветленоста се зголемуваат пропорционално. Колку повеќе го вртите тркалото, толку повеќе се отвора ламбата и светлото станува посилно. Светилката користи специјално направена ткаенина што овозможува рамномерно поминување на светлината.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОблека и додатоци кои ќе го разубават новогодишниот празник!
Следна објаваУникатна креација од рачно изработено Мурано стакло!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ