Инспиративен празничен изглед …

Дизајнерката и главна ХИТ девојка од Велика Британија, Алекса Чанг, секогаш нè инспирира со својот изглед.

Овој пат, 37-годишната Англичанка избра свилен фустан со дезен и крагна, украсен со машна од кадифе. Овој стајлинг на Алекса потсетува на ученичка која учи во библиотека. Веселите шишки и плетенки дополнително го истакнуваат стилот на ученичка.

Ако не сакате монистри, тогаш овој фустан ќе биде одлична алтернатива за новогодишната облека. Чевли или сандали  Мери Џејн (за кои многупати до сега пишувавме), со високи дебели потпетици се совршен пар со овој фустан.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSwarovski постави божиќна елка во Милано
Следна објаваПод елката: „празнични чевли“ за дочек на 2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ