Помислата за поставување црна елка за многумина ќе звучи прилично несоодветно и мрачно, но факт е дека црната боја може да биде подеднакво весела како и традиционалната зелена.

Со вистинска комбинација на бои и украси, може да биде подеднакво магична и бајковита, а украсите на црниот бор ќе блеснат многу повеќе отколку на класичната, зелена позадина! Со црно дрво можете да користите украси од скоро сите бои, дури и метални. Темното дрво ќе им овозможи на вашите украси да дојдат до израз како никогаш порано, а целото дрво ќе добие луксузен и софистициран изглед, особено ако го украсите со светлечки ситници и помали венци.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChristian Louboutin претстави празнична колекцијана чевли!
Следна објаваНеколку идеи да заблескате во бордо боја оваа зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ