Dior Joaillerie е подготвен да ја направи сезоната на празници магична …

Познатиот бренд за накит штотуку ја претстави својата кампања Christmas 2020 година. Со Кара Делевињ во главната улога, фотографиите направени од Марио Соренти ги претставија Rose Celest медаљоните во центарот на вниманието. На една фотографија, британската актерка и модел позира со раката под брадата и длабок поглед. На другата, таа ја држи едната рака на градите, додека е облечена во црвен фустан. Покрај фотографиите, Кара се појави и во краток филм на познатата марка, кој се карактеризира со волшебна музика и медаљони што паѓаат од небото како снегулки.

„Прославувајќи го дваесет годишниот јубилеј на Dior Joaillerie, колекцијата Mimirose која ја потпишува Viktoir de Kastelan, претставува спој на финеси на скапоцените камења Mimioui и Rose de Vents”, објаснуваат од познатиот бренд.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМода: 26-годишно пријателство прикажано на 20 фотографии!
Следна објава♕♘Обновете го вашето знаење во играње на шах со “Queen Gambit”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ