“Обновете го вашето знаење во играње на шах или дајте си ја себе си првата ♕♘♗♜♚♟ шанса”.

Од својата премиерна изведба мини-серијата “The Queen Gambit” не престанува да предизвикува воодушевување кај гледачите ширум светот кои ја следат истата. Со недели по ред серијата е на самиот врв по гледаност на еден од најпознатите светски стриниг сервиси. За нејзината популарност најповеќе сведочат и милионите прегледи на гугл на зборот шах и “како се игра шах”.

Оваа друштвена игра е идеална за стекнување на стратегија во размислувањето и во истовреме за развивање на сопствената логика во создавање на разни комбинаторики при играње. Правилата се лесни за учење, но ако веќе имате познавање од нив, следен чекор е планирање на вашите неколку следни потези како и можниста за препознавање на потезите на вашиот противник.

Престојните новогодишни и божиќни празници се идеално време да си подарите себе си и на вашите најмили убав сет на шаховска табла и да го минете вашето време во пријатно опкружување со своето семесјство и пријатели.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ