Ако претходно мислевте дека малите детали кои го креваат амбиентот на просторот на повисоко ниво, не се потребни, сигурни сме дека сега за време на вонредната состојба која ја најде целата планета, се премисливте. Престојот во простор кој не е убав, пријатен, удобен и стилски украсен, по одредено време, едноставно станува неподнослив.

Ќе признаете, вашето расположение веднаш се менува на подобро кога ќе видите некое парче што ви е драго и убаво, без разлика дали станува збор за уметничка слика, скулптура, украсна фигура или некоја сосема друга ситница, чија вредност ви е позната само на вас.

Гучи штотуку ja претстави комплетно новатa колекција на аксесоари, која содржи сè – од кутии за ситници, до прекрасни миризливи свеќи, чии ароми можат да ве пренесат во еден сосема поинаков универзум, каде што вирусот корона можеби и не постои, па макар и на десет минути.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова радосна кампања на Dolce & Gabbana есен/зима 2020!
Следна објаваБогатството на есента во новата кампања на Том Форд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ