Како дел од модната недела во Милано, BOSS ја претстави својата колекција пролет / лето 2021 преку livestream на социјалната мрежа TikTok.

Модната ревија се одржа во Палацо дел Сенато во Милано, а ограничен број гости имаа можност да се запознаат со лежерната, позитивна и шарена колекција наменета за следната година.

Како што веќе споменавме, ревијата се емитуваше преку глобален пренос во живо, додека до Кина се одржуваше со превод истовремено.

Ревијата претстави спортска, помлада верзија на BOSS за жена и мажи. Машки дуксери, патики, панталони со врвци и бомбер јакни, го најдоа своето совршено место во оваа приказна…

Очигледна е посветеноста на BOSS за квалитетна изработка, со голем број материјали произведени во јужна Германија, извезени и ласерски сечени парчиња кои ја финишираат целата приказна.

Едноставни шорцеви, панталони со широки ногавици и ултра меки плетени парчиња и даваат на оваа колекција чувство на лежерност кои до сега не сме ги виделе во изведбата на овој бренд, додека освежувачката палета на сини, живописни смарагди и деликатни розови детали додаде нов став, во комбинација со нијанси на песок, крем и шумско зелена боја.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШармантна колекција на Fendi – Mr. Doodle!
Следна објаваКако да постигнете совршено рамен стомак за само 10 минути на ден?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ