Фиренца е избрана за одржување на првите модни настани во светот уште од пред пандемијата.

Dolce&Gabbana  им оддадоа почит на Фиренца и Тоскана во нивните креации Alta Gioielleria, Alta Sartoria и Alta Moda . Распоредени во текот на три дена, настаните се одржуваа на повеќе локации во Фиренца. На 2 септември, брендот ги изложи своите дизајни на висок накит во амшијата на најстарата аптека во светот, „Officina Profumo Farmaceutica di Santa Maria Novella“, додека ревијата за мажи се одржа во салонот на Palazzo Vecchio’s Salone dei Cinquecento. Свилени наметки во стилот на Медичи, туники инспирирани од ренесансата, фирентински хартиени чанти, накитни влечки и плетени корпи на „Chianti Classico“ беа претставени на тепих од флир-де-лис, симболот на Фиренца, под будното око на Козимо Први.

Шоуто беше декларација со намера модата, уметноста и занаетчиството во Италија да се вратат во бизнисот и да се покреативни од кога било. Дизајните на женска облека на модната куќа беа откриени со излив на раскош и оптимизам во градините на Вила Бардини на 3 септември, заедно со спектакуларен огномет.

Погледнете ја спектакуларната колекција висока мода есен/зима 2020 на Dolce&Gabbana.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајпопуларните отпечатоци за „дива“ есен!
Следна објаваЖолто – лимон боја: есенски тренд за 2020
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ