Уметничката директорка, Кристина Селестино, дизајнираше две нови колекции мебел за седење за новата ера на италијанскиот бренд Билиани ...

Станува збор за производи на колекциите Корола и Фризи. Со историја на создавање мебел веќе 100 години, компанијата со седиште во Манзани, негува култура на раскажување приказни, експериментирање и добар дизајн, а сите овие елементи се испреплетени низ новите колекции.

Колекцијата фотељи Корола Лаунџ содржи нежни, хармонични форми со облини и дрвени подлоги. Шармантната брановидна линија, која е присутна во секое парче, го претставува светот на модата, додека нивниот квалитетен тапацир ја придружува целата приказна со интересни контрастни бои и текстури.

Колекцијата Фризи ни претставува чиста боја, во комбинација со елегантни ногарки. Првично дизајнирана за комерцијалниот пазар, колекцијата содржи модели кои дишат култура и софистицираност, што истовремено создава почит кон вештините на оваа компанија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба на Весна Стефановска во МСУ
Следна објаваBottega Veneta: еколошки чанти од брановидни картони за есен 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ