Популарниот YouTuber, се поднови со спектакуларна вила, која многумина од нас ќе ја наречат куќа од соништата…

Дејвид Добрик, YouTube влогер, лидер на познатиот YouTube ансамбл, The Vlog Squad, каналот кој е петти најгледан креативен канал на платформата, со 2,4 милијарди прегледи, е навистина успешен. Тој, исто така, ги заработува своите пари како дел од жирито на музичкиот натпревар на каналот Nickelodeon, ја лансираше својата апликација на камери за мобилни телефони, David’s Disposable и се појави на вечерното шоу со Џими Фалон.

Не е тајна дека Дејвид ужива во животот како вистинска sвезда, а неодамна, тој го стори тоа во својата нова вила од 9,5 милиони американски долари, која се наоѓа на ридовите на Шерман Оакс, Калифорнија. Добрик ја помина целата претходна година во лов на совршена куќа, често објавувајќи тури со луксузни вили на Инстаграм, сè додека не ја пронајде оваа.

Неговата нова вила има многу простор и природна светлина, вклучувајќи шест спални соби и седум бањи. Стаклените sидови и раскошните терацо подови ја украсуваат дневната соба, заедно со троседот во L форма и декадентен отоман.

Со лизгачки стаклени врати, надворешноста и ентериерот беспрекорно се вклопуваат во неговата вила, што му дава можност да ужива во погледот од секој агол на неговиот дом.

Сигурни сме дека фановите на славниот YouTuber ќе бидат воодушевени од неговото домашно кино, кое е навистина прекрасно, но главна конкуренција му прави екстериерот, кој е подеднакво луксузен.

Дворот на неговата вила е маестрално поделен на неколку простори, како чардак со логорски оган, базен со спа-дел, интимен дел со лулашка и бујни тревници.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКаталогот на Икеа за 2021 година е во дигитална форма!
Следна објаваЕсенски тренд: плетени елеци во “preppy” стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ