Во денешно време вилите во форми на коцки во Лос Анџелес, може да се купат за малку пари, со секако, некои исклучителни кои доаѓаат со специфично педигре …

Очигледно, модерните куќи во тој дел на светот усвоија одреден изглед и сега има многу од нив на пазарот, па затоа е вистинска реткост да видиме нешто поинакво и ново.

Резиденцијата Forest Knoll е потполно различна. Фасадата на куќата наликува на штала, иако модерна, а нејзините ентериери се минималистички обликувани од сјаен бетон, дрво и камен.

Како најнов дел од портфолиото на Viewpoint Collection, оваа вила доаѓа со уникатни карактеристики кои во никој случај не се ефтини. Според наводите, оваа вила моментално може да се купи по цена од 32 милиони долари.

Резиденцијата од 11.000 квадратни метри се наоѓа на еден од многуте видиковци на Холивуд Хилс и ужива во спектакуларен поглед на Лос Анџелес од задниот двор и инфинити базенот.

Мора да признаеме дека оваа вила вреди да се види лично, но со оглед на пандемијата „Ковид-19“, посетите не се дозволени. Засега, ќе мора заинтересираните да се задоволат само со фотографии.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГОЛЕМА ЛЕТНА РАСПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ
Следна објаваСовршен одмор на островото Кокомо!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ