Со својот рaскошен талент, младиот Милко Нестороски-(1994), несомнено е еден од најталентираните македонски уметници во се поприсутната млада генерација на домашни автори. Со повеќе реализирани изложби и перформанси, Милко го трасира својот пат кон врвен сликар. Му благодариме на Милко што се согласи да биде наш денешен соговорник и да ни одговори на неколку прашања.

 


 

— Милко, ја помниш ли твојата прва интеракција со уметноста? 

– Тоа што ми текна во моментов е една зголемена репродукција на Мона Лиза,која стоеше во резервната дневна соба. Кога бев многу мал ми се случуваше со часови да стојам и да гледам во нејзиниот лик или да разгледувам што има во позадината. Ми изгледаше поживо од некои стари фотографии но и по малку “страшно”, па поради тоа и не си легнував без да проверам дали вратата од таа соба е добро затворена.

— Сликарското платно крие во себе огромна моќ, а секој мајстор на својот занает има сопствена тајна, кажи ни која е твојата?

— Што се однесува на сликарството секоја слика ја поставувам на различен начин односно првично експресивно ја сликам емоционалната атмосфера со комбинирање на колорит и потези соодветни на она што сакам да го доловам, а во понатамошниот процес може и целосно да бидат прекриени, но го определуваат крајниот резултат.

— Твојот стилски израз оддава прецизна техника и ја поседува убавината на платната на големите сликари. Дали можеби некој уметник влијаел на твоето творештво?

— Сум земал примери од многу и од најразлични уметници и правци, од некои за техниката а од други композицијата, од трети за концептот.. Би ги издвоил Ботичели, Да Винчи, Рембрант, романтичарите Каспар Давид Фридрих, импресионистите Арт Нуево, Вилијам Џон Вотерхаус,  особено симболистите Михаил Врубел, Мондријан, Малевич потоа Пикасо, Џорџа Окиф, Кандински, Анди Ворхол, Климт. Во голема мера ме инспирираат праисториските, антички и религиозни уметности.

Опиши ни го моментот кога се наоѓаш еден на еден наспроти белото платно?

— Белото платно само по себе се наметнува со својата чистина и стерилност па природно е по одредено време набљудувајќи го истото и замислување на совршениот израз на мојата идеја да започнам со експресивни, непрецизни потези, а при тоа на некој начин си поставувам “проблем” кој треба да го решам до степен на реализација на замисленото.

 

Дали работиш на нешто ново во моментов?

— Моментално работам на дела кои покрај тоа што се продолжеток на моите досегашни тенденции и се во склоп на заедничка изложба со странска уметница со која сме коавтори на манифест. Заклучивме дека имаме заеднички погледи на нештата и со нашиот специфичен пристап се надоврзавме на создавање на истиот, на тема моменталните случувања на полето на уметноста како и на социо-политичките околности на светско ниво.

Повеќе може да прочитате на линкот;

https://www.lida.gallery/post/manifesto-of-florescencism

 

 

 


Милко Нестороски е роден на 17.7.1994 во Струга. Основно и средно училиште завршува во Струга. Во 2013-та се запишува на ФЛУ во класата на проф. Благој Маневски. Дипломира во 2018 година. Учествува на годишните изложби во Струга и Скопје во 2014 и 2019 год, како и на самостојни изложби во истоимените градови. Три групни изложби(плус две од конкурсите на АМС). Организатор и учесник е на првата (Trash-kolonija) и на фестивалот (Dream On) кој резултира со изведба на перформанс. Учесник во групна изведба на инсталација во склоп на истиот фестивал. Изведувач на уште два други перформанси во главниот град.

 

Милко Нестороски е номиниран за Глобална Награда за Уметност која ќе се одржи во Токио на 5 јуни оваа година.

 

Гласајте на следниов линк:

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2F1.shortstack.com%2F3S0wmS%2Frr1b0%3Fwe%3D82977539-267569079%26fbclid%3DIwAR1T5Ao-I4yh83qx0YjNnwAPoovurxzqakfzccPCeOi0DyVUL8Qh6I7e4UA&h=AT1qSb5zAtR2hfM5_-R1Y1xs2bBq9v3nC0bh-B8QZaprUSwCHUUGKHIP-bS-bTSiffq-AbJy1Oa_OQSy4IRklO-tzIOmv2e8BLlAUK_gpkRkkadTQ52XvOh5gTQzw3gb-4z9

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ