Култниот американски бренд Tommy Hilfiger, зачекори во пролетната сезона со нова, урбана колекција TommyXLewis создадена како резултат на соработката на американскиот моден магионичар Томи Хилфигер и Луис Хамилтон, шесткратниот светски шампион во Формула 1 и машкиот заштитен знак на Томи Хилфигер. Одржливите елементи се проникнуваат низ целата колекција, која го слави концептот на „стил за секого“, како и немање границите помеѓу полот, потеклото, возраста и обликот на телото.

Пролетната колекција за мажи TommyXLewis го спојува историското наследство на марката со естетската облека на улиците на Луис, славејќи го иконскиот дизајн како основа на класичен американски стил. Фокусот е ставен на дуксери и панталони во нови, инспиративни кроеви, како и неочекувани детали како што се дво-тонски материјал. Колекцијата е игра со воено-сини и зелени нијанси, со неутрални тонови. Кошулите и кежуал јакните, збогатени со смели неонски бои, се идеални за неформален, урбан изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧудо на природата
Следна објаваЗошто не смеете да јадете банана за појадок?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР